ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонија го чека светскиот вицепрвак, Охрид кај шампионот Еурофарм Пелистер

Денеска во центарот на вниманието на македонската јавност ќе бидат натпреварите во Скопје меѓу Македонија и Германија од квалификациите за ЕП 2026 и во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Охрид од суперлигашкиот плеј-оф.

Иако двете средби ќе се играат во ист термин, љубителите на ракометот ќе имаат можност да ги следат двата меча низ ТВ пренос на МТВ.

Дамите се во трка по место на ЕП 2026, најверојатно преку третото место ако не направат изненадување против Германија или Словенија. Повеќе детали за шансите на Македонија прочитајте ТУКА.

Избраничките на Кристијан Грчевски денеска ќе се соочат со светскиот вицепрвак Германија, а гостинките ќе дојдат со втор состав во кои ќе има пет дебитантки, но и неколку искусни ракометарки. Мечот се игра во СЦ „Борис Трајковски“, а влезот е слободен.

Германија е прва со осум бода и веќе пласирана на ЕП, Словенија има четири, додека Македонија и Белгија по два. Ако Словенките слават на гости кај Белгија, тогаш ќе го потврдат второто место на табелата во случај и Германија да победи во Скопје.

Во истовреме во салата „Боро Чурлевски“ ќе играат шампионот Еурофарм Пелистер и Охрид, кој е важен во битката за второто место, ако се знае дека Вардар има осум бодови предност на првата позиција на табелата.

Охрид е во добар моментум по пласманот во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп, но шампионот исто така е во добар ритам по поразот од Вардар и може да се надева на триумф и бодови со кои ќе продолжи да му „дише во врат“ на големиот ривал од Скопје.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: 

18:00 МАКЕДОНИЈА – ГЕРМАНИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
18:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ОХРИД (МАКЕДОНИЈА)
14:00 УКРАИНА – ШВЕДСКА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
14:45 ГРЦИЈА – ШПАНИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
18:00 ИЗРАЕЛ – АВСТРИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
20:00 ФАРСКИ ОСТРОВИ – ИСЛАНД (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
20:10 БЕЛГИЈА – СЛОВЕНИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
18:45 КЕЛЦЕ – ПИК СЕГЕД (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 НАНТ – ГОГ ГУДМЕ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:00 РОМАНИЈА – НОРВЕШКА (ЕХФ ЕВРО КУП)
18:00 СЛОВАЧКА – ПОЛСКА (ЕХФ ЕВРО КУП)
18:00 ТУРЦИЈА – УНГАРИЈА (ЕХФ ЕВРО КУП)