Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра третиот квалификациски натпревар за Европското првенство 2026.
Македонија за трет ривал ја има репрезентацијата на Словенија, која во Скопје ќе пристигне ослабена, без многу клучни играчи.
СЦ „Борис Трајковски“ беше распродаден за само еден ден, што значи дека „црвено-жолтите“ ќе имаат силна поддршка од трибините и дополнителна мотивација за победа, која практично ќе значи пласман на ЕП, иако ќе останат уште три меча.
Избраниците на Кире Лазаров квалификациите за пласман на континенталниот собир ги стартуваа со победа над Естонија и пораз од Литванија.
Покрај натпреварот Македонија – Словенија, денеска ќе се одиграат уште седум квалификациски дуели.
Распоред на денешните натпревари од квалификациите за ЕП 2026:
18:00 ЧЕШКА – ХРВАТСКА
18:00 ЦРНА ГОРА – УНГАРИЈА
18:00 ГРЦИЈА – ИСЛАНД
18:00 ЕСТОНИЈА – ЛИТВАНИЈА
18:30 ТУРЦИЈА – ШВАЈЦАРИЈА
18:45 ЛУКСЕМБУРГ – БЕЛГИЈА
20:00 ФАРСКИ ОСТРОВИ – ХОЛАНДИЈА
20:00 МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА