Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза на Светското првенство во Скопје.
Ривал на Македонија ќе биде репрезентацијата на Ангола, а на избраничките на Дарко Јанев им е потребна победа за пласман во главната фаза на младинскиот Мундијал.
Натпреварот меѓу Македонија и Ангола е закажан за 20:15 часот во СЦ „Борис Трајковски“. Влезот за сите љубители е слободен.
На денешната програма на Светското младинско првенство ќе се одиграат сите натпревари од последното, 3. коло од групната фаза.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
09:00 ЈАПОНИЈА – ТАЈВАН
09:00 ШВАЈЦАРИЈА – ЕГИПЕТ
10:00 ГВИНЕЈА – УЗБЕКИСТАН
11:15 АРГЕНТИНА – МЕКСИКО
11:15 ПОРТУГАЛИЈА – ЦРНА ГОРА
13:00 ТУНИС – ЧИЛЕ
13:30 БРАЗИЛ – ИРАН
13:30 УНГАРИЈА – ЈУЖНА КОРЕЈА
15:45 ДАНСКА – НОРВЕШКА
15:45 РОМАНИЈА – ХОЛАНДИЈА
16:00 КИНА – АЛЖИР
18:00 ШПАНИЈА – СРБИЈА
18:00 ШВЕДСКА – ЧЕШКА
19:00 ИСЛАНД – САД
20:15 АНГОЛА – МАКЕДОНИЈА
20:15 ФРАНЦИЈА – ГЕРМАНИЈА