На денешната ракометна програма нема да има многу дуели, ќе се игра само во Бундес лигата во женска конкуренција, Унгарија Данска, Турција…
Свој настап ќе имаат и двете репрезентативки на Македонија, Симона Маџовска и Ивана Џатевска.
Маџовска со тимот на Цвикау во рамки од 10. коло во најсилното натпреварување во Германија на свој терен ќе играат против Борусија Дортмунд.
Цвикау во досегашниот тек од сезоната на девет одиграни натпревари успеа да триумфира трипати.
Новата интернационалка од Македонија, кружниот напаѓач Ивана Џатевска, заедно со Кишварда ќе му гостуваат на амбициозниот Дебрецин, кој е учесник во Лигата на шампионите.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
13:00 ТЕКИРДАГ – АКСАРАЈ (ТУРЦИЈА)
14:00 ТАРГУ – ЧСМ (РОМАНИЈА)
15:00 СКОВДЕ – СКАРА (ШВЕДСКА)
16:00 ФТЦ – НЕКА (УНГАРИЈА)
16:00 ЕСБЈЕРГ – НИКОБИНГ (ДАНСКА)
16:00 ОДЕНСЕ – ВИБОРГ (ДАНСКА)
17:00 МТК – МОШОНМАЃАРОВАР (УНГАРИЈА)
18:00 ДЕБРЕЦИН – КИШВАРДА (УНГАРИЈА)
18:00 ВАЦ – БЕКЕШЧАБА (УНГАРИЈА)
18:00 ЦВИКАУ – ДОРТМУНД (БУНДЕС)
18:15 ЛАРВИК – СТОРХАМАР (НОРВЕШКА)