Денес ќе се одиграат последните два натпревара од последното елиминациско коло во Купот на Македонија во машка конкуренција, по што ќе бидат познати сите учесници во главната фаза.
Екипата на Текстилец ќе биде домаќин на Прилеп, и на овој дуел се очекува избраниците на Илиески да немаат многу проблеми, односно да остварат убедлива победа.
Борец ФЛ ќе гостува во Свети Николе кај Овче Поле, и на овој натпревар се очекува суперлигашот да слави над прволигашот.
Во рамките на Женската лига ќе се одигра еден натпревар од плеј-аут фазата, како и два натпревара од плеј-офот. Интересно се очекува да биде на дерби дуелот меѓу актуелниот шампион Ѓорче Петров и тимот на Металург Автокоманда.
Тимот на Кире Лазаров пред својата публика ќе се соочи со Баја Маре во реванш натпреварот од четвртфиналето во Европскиот Куп.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
12:00 АСТИБО – КУМАНОВО
14:00 ТЕКСТИЛЕЦ – ПРИЛЕП
18:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА
18:00 ПЕЛИСТЕР – ДЕСПИНА
18:00 ОВЧЕ ПОЛЕ – БОРЕЦ ФЛ
19:00 АЛКАЛОИД – БАЈА МАРЕ