ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Кавадарчани се „острат“ – доаѓаат Лазаров и компанија

Денеска во центарот на вниманието ќе биде заостанатиот натпревар од 8 коло во суперлигашкиот плеј-оф.

Во Кавадарци, тимот на Тиквеш ќе го пречека „сино-белиот“ тим од Автокоманда предводен од Кирил Лазаров.

Ракометарите на Кристијан Грчевски секогаш со плус мотивација играат против гостите од Автокоманда, па во „Јасмин“ се очекува натпревар на „нож“.

Во Битола ќе биде комплетирана сезоната во Женската лига, со натпреварот од плеј-аутот меѓу Пелистер и Стружанка.

Од интернационалците на терен денеска ќе биде Мартин Томовски, кој со Потсдам гостува кај Хановер во Бундес лигата.

Раде Стојановиќ и Тримо Требње со гостување кај Целје ја започнуваат битката за третото место во Словенија.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

19:00 ТИКВЕШ – АЛКАЛОИД (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ПЕЛИСТЕР – СТРУЖАНКА (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ХАНОВЕР – ПОТСДАМ (ГЕРМАНИЈА)
19:00 ЦЕЛЈЕ – ТРИМО ТРЕБЊЕ (СЛОВЕНИЈА)