Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска ќе ја има клучната битка за пласман на ЕП 2026.
Од 15:30 часот избраниците на Горан Кузманоски ќе се соочат со Луксембург, кој веќе ги загуби шансите за место на континетналниот собир, бидејќи загуби и од Финска и од Грција.
Претходно од 13:00 часот ќе играат Финска и Грција, па Македонија точно ќе знае што и треба за пласман на ЕП. Ако слави Финска, а Македонија го победи Луксембург, тогаш ќе има три селекции со по четири бода, па ќе решава меѓусебната гол-разлика, а Македонија има +6.
Ако слави Грција, тогаш јужниот сосед е прв, а Македонија дури и реми со Луксембург ќе ја однесе на второто место и на ЕП. Ако мечот заврши реми, тогаш нашите момци ќе мора да слават против Луксембург за да бидат втори.
На домашната сцена ќе има два меча. Во Првата женската лига, Ѓорче Петров 2 е голем фаворит против Јехона, а ист е случајот со Македонија Ѓорче Петров на мечот со Шампион од Првата машка лига.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
15:30 МАКЕДОНИЈА – ЛУКСЕМБУРГ (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
16:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2 – ЈЕХОНА (МАКЕДОНИЈА)
19:30 МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ШАМПИОН (МАКЕДОНИЈА)

























