ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Кадетите ја почнуваат битката за ЕП, младинците на тест со Словачка

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска ги стартува квалификациите за ЕП 2026.

На турнирот во Луксембург прв предизвик за избраниците на Горан Кузманоски ќе биде селекцијата на Финска.

Кузманоски поведе на пат 18 ракометари, а во последен момент од списокот отпадна пивотот Ѓорѓи Лешниковски. На негово место меѓу патниците е голманот Атанасиј Трсунов.

Во групата покрај Македонија и Финска, се уште домаќинот Луксембург и јужниот сосед Грција. Прво и вторпласираните од петте квалификациски групи ќе обезбедат место на ЕП 2026 што ќе се игра во Србија.

Покрај кадетите, денеска ќе бидат активни и младинците, кои ќе одиграат пријателски натпревар против селекцијата на Словачка од 18:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

16:00 МАКЕДОНИЈА – ФИНСКА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
18:00 МАКЕДОНИЈА – СЛОВАЧКА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)