ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Кадетите ги стартуваат квалификациите за пласман на ЕП

Машката кадетска репрезентација на Македонија денес ќе ја започне борбата за пласман на Европското првенство во Црна Гора.

Избраниците на Наум Танески за ривали во квалификациите ги имаат репрезентациите на Словачка, Швајцарија и Косово.

Македонија првиот натпревар ќе го одигра против репрезентацијата на Словачка и со евентуална победа на денешниот дуел нашите кадети ќе направат голем чекор кон пласман на кадетскиот континентален собир.

Натпреварот меѓу Македонија и Словачка ќе се одигра во спортската сала „Автокоманда“ со почеток од 15:00 часот. Влезот за сите љубители е слободен.

Сениорите во новата година ќе ја имаат втората „контролка“ против репрезентацијата на јужниот сосед oд 18:00 часот.

Денешниот пријателски меч, кој ќе биде и последна проверка за Македонија пред настапот на Европското првенство во Германија, е од затворен тип.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

12:00 ШВАЈЦАРИЈА – КОСОВО (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)

15:00 МАКЕДОНИЈА – СЛОВАЧКА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)

15:00 ХОЛАНДИЈА – ЛИТВАНИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)

15:30 ПОЛСКА – БИХ (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)

15:45 РОМАНИЈА – ФИНСКА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)

16:00 ШВЕДСКА – ЈАПОНИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ)

16:30 ЧЕШКА – ТУРЦИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)

17:45 СРБИЈА – ПОЛСКА (ПРИЈАТЕЛСКИ)

17:45 ИТАЛИЈА – ГРЦИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)

18:00 МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ)

18:00 АВСТРИЈА – ЛЕТОНИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)

18:30 ИЗРАЕЛ – ЛУКСЕМБУРГ (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)

19:00 УКРАИНА – ЕСТОНИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)

20:00 ШПАНИЈА – СЛОВАЧКА (ПРИЈАТЕЛСКИ)