Денеска ќе се одиграат сите натпревари од третото коло од главната фаза во второто по ранг европско клупско натпреварување – Лига на Европа.
Српскиот шампион Војводина ќе гостува во Германија кај Фленсбург и ќе се обиде да го изненади бундеслигашот, односно да дојде до првата победа во главната фаза.
Во минатото коло, тимот на Фленсбург на гостувањето во Нови Сад немаше поголеми проблеми против избраниците на Борис Ројевиќ и славеше со 36:26.
Нексе на свој терен ќе го пречека Горење Велење во балкандското дерби и ќе ја поправа грешката од минатото коло, во кое ремизираше со словенечкиот претставник.
Актуелниот бранител на титулата Фуксе Берлин ќе има поправен против Спортинг Лисабон, бидејќи минатата недела не успеа да ги освои бодовите против португалскиот тим.
Лига на Европа – главна фаза, 3. коло, распоред:
Група А
20:45 Рајн Некар – Хановер
20:45 Забже – Нант
Група Б
18:45 Скјерн – Савехоф
20:45 Нексе – Горење
Група Ц
18:45 Кадетен – Силкеборг
18:45 Фленсбург – Војводина
Група Д
18:45 Констанца – Букурешт
20:45 Спортинг – Фуксе