Денеска е последниот ден на третото издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид.
Во големото финале ќе се сретнат актуелниот освојувач на Купот и Вардар, кои ги освоија првите места во своите групи. Натпреварот за трофеј е на програмата од 20:00 часот.
Претходно во битката за третото место од 17:45 ќе играат грчкиот првак Олимпијакос и некогашниот европски првак Целје.
Во двата пладневни термини ќе се одиграат натпреварите за седмото и петтото место на турнирот.
Покрај натпреварите на турнирот во Охрид, денеска вниманието ќе биде насочено и кон турскиот град Болу, каде што македонскиот првак Еурофарм Пелистер ќе се бори со белорускиот шампион Мешков Брест за трофеј на „Купот на пријателството“.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
10:30 ОХРИД – ЛОВЌЕН
12:30 ДИНАМО ПАНЧЕВО – ПАРТИЗАН
17:45 ОЛИМПИЈАКОС – ЦЕЛЈЕ
18:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – МЕШКОВ БРЕСТ
20:00 АЛКАЛОИД – ВАРДАР