ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Езерско дерби во Охрид, Ѓорче Петров стартува против Пелистер

На денешната ракометна програма во Македонија ќе има десет натпревари, четири од нив се во рамките од второто коло од плеј-оф/аут фазата во Супер машката лига.

Актуелниот бранител на титулата Еурофарм Пелистер за денешен ривал го има незгодниот Бутел Скопје.

Пелистерци се фаворити против тимот на Горан Кузманоски, но за остварување на целта ќе треба да го дадат максимумот.

Охриѓани пред својата публика ќе ја пречекаат Струга и ќе се обидат да ја продолжат победничката серија.

Во борбата за опстанок ќе има два интересни дуели, најпрво ќе играат Мулти Есенс и Вардар Неготино, потоа Прилеп и Голден Арт.

Вардар Неготино во Скопје ќе ги брка првите бодови во плеј-аутот, додека Прилеп против „градежниците“ ќе атакува на втор триумф во вториот дел.

Со натпреварот меѓу Скопје и Астибо ќе започне вториот дел од сезоната во Женската лига.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

13:00 СКОПЈЕ – АСТИБО (ЖЕНСКА ЛИГА)
14:00 КУМАНОВО – ГЕВГЕЛИЈА (ЖЕНСКА ЛИГА)
15:00 МУЛТИ ЕСЕНС – ВАРДАР НЕГОТИНО (СУПЕР ЛИГА)
15:30 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ШАМПИОН (ЖЕНСКА ЛИГА)
17:00 ГОЛДЕН АРТ – ПРИЛЕП (СУПЕР ЛИГА)
18:00 БУТЕЛ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (СУПЕР ЛИГА)
18:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ПЕЛИСТЕР (ЖЕНСКА ЛИГА)
18:00 СПАРТАК – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА (ЖЕНСКА ЛИГА)
18:30 ОХРИД – СТРУГА (СУПЕР ЛИГА)
19:00 ДЕСПИНА – СТРУЖАНКА (ЖЕНСКА ЛИГА)