Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денеска ќе се соочи со Динамо Букурешт на Давид Дејвис во натпревар од 12. коло од Лигата на шампионите.
За пелистерци денешниот дуел со романскиот шампион е од голема важност, бидејќи со победа ќе биде многу блиску до остварување на целта – пласман во осминафиналето.
На првиот меѓусебен дуел славеше романскиот шампион, победи со девет гола разлика, 34:25. Динамо Букурешт, моментално, се наоѓа на 5. позиција со 10 бода, додека пелистерци на 11 одиграни натпревари освоија шест.
Избраниците на Алонсо ќе имаат голема поддршка од трибините, па така гостите ги очекува пеколна атмосфера во спортската сала „Боро Чурлевски“.
Натпреварот е закажан со почеток од 20:45 часот, а правдата ќе ја делат Шпанците Андреу Марин и Игнасио Гарсија, додека делегат ќе биде Јанко Пожежник од Словенија.
На домашна сцена, ќе се игра последниот натпревар од 5 коло од плеј-офот во Женската лига, а тоа е дербито меѓу Металург Автокоманда и шампионот Ѓорче Петров од 16:00 часот во салата во Автокоманда.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:00 МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (МАКЕДОНИЈА)
17:00 КРАЈОВА – БАЈА МАРЕ (РОМАНИЈА)
18:45 ВЕСПРЕМ – СПОРТИНГ (ЛШ)
18:45 ВИСЛА – ФУКСЕ БЕРЛИН (ЛШ)
19:00 КИЛ – ЕРЛАНГЕН (БУНДЕС)
19:00 ХАМБУРГ – БИТИГХЈАМ (БУНДЕС)
20:45 БАРСЕЛОНА – КЕЛЦЕ (ЛШ)
20:45 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ДИНАМО БУКУРЕШТ (ЛШ)