ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Еурофарм Пелистер на тежок испит кај ПСЖ

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денеска ќе го одигр вториот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите.

По триумфот над Загреб, битолчани му гостуваат на францускиот првак ПСЖ, кој загуби на премиерниот дуел кај Магдебург.

Пелистерци минатата сезона имаа одлична партија на гостински терен кај ПСЖ, но останаа со празни раце, а сега без притисок ќе се обидат да му ги замрсат сметките на тимот на Стефан Мадсен.

Традицијата на меѓусебните дуели не им оди во прилог на момците на Рубен Гарабаја, бидејќи во шест досегашни пресметки, македонскиот првак има само една победа во минатото во Купот на ЕХФ, а ПСЖ има пет победи.

Натпреварот меѓу ПСЖ и Еурофарм Пелистер е закажан за вечерва во салата „Пјер Де Кубертен“ со почеток во 20:45 часот.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:45 ФУКСЕ БЕРЛИН – АЛБОРГ
18:45 ВЕСПРЕМ – НАНТ
18:45 СПОРТИНГ ЛИСАБОН – КЕЛЦЕ
20:45 БАРСЕЛОНА – МАГДЕБУРГ
20:45 ПСЖ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
17:00 РОМАНИЈА – ФРАНЦИЈА
18:15 ЕГИПЕТ – ГРЦИЈА
20:30 МАКЕДОНИЈА – ТУНИС