Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денеска ќе го има вториот предизвик во групната фаза на ТВ турнирот на шампионте во босанскиот град Добој.
По стартниот триумф над Црвена Ѕвезда со 28-27, вечерва избраниците на Бранко Ангеловски ќе се соочат со незгодниот унгарски тим Татабања.
Денеска продолжуваат натпреварите од вториот ден на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп.
Куманово ќе има странски предизвик и ќе игра со српскиот тим Врање, додека домаќинот Прилеп по стартниот пораз ќе се соочи со Тиквеш од Кавадарци.
На турнирот во Ѓорче Петров, домаќинките со победа над Железничар ќе обезбедат место во финалето, а во вториот дуел ќе играат српските Бор и Напредак.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:00 ВРАЊЕ – КУМАНОВО (ТУРНИР МИЛЕ НЕШКОСКИ)
19:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ЖЕЛЕЗНИЧАР ИНЏИЈА (ТУРНИР ЃОРЧЕ КУП)
20:00 ТИКВЕШ – ПРИЛЕП (ТУРНИР МИЛЕ НЕШКОСКИ)
21:00 БОР – НАПРЕДАК КРУШЕВАЦ (ТУРНИР ЃОРЧЕ КУП)
21:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ТАТАБАЊА (ТУРНИР ДОБОЈ)