ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Еурофарм Пелистер на мегдан со германскиот првак

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денес на свој терен ќе се соочи со Кил во третото коло од Лигата на шампионите.

Избраниците на Александар Јовиќ имаа непосакуван старт во европската елита, беа убедливо поразени на дуелите со Колстад и Алборг, па против бундеслигашот ќе се обидат да го поправат впечатокот и да одиграат во рамки на своите можности.

Кил во Битола ќе атакува на трета победа во низа, бидејќи минатата недела славеше над ПИК Сегед, додека во првото коло покажа целосна доминација против Загреб.

Битолчани за дуелите со Кил се загреаја со два првенствени натпревари, против Голден Арт и Мулти Есенс. И на двата без многу проблеми дојдоа до убедлив триумф.

Денешниот дуел меѓу Еурофарм Пелистер и Кил ќе се одигра во спортската сала ,,Боро Чурлевски” со почеток од 18:45 часот.

Во групата А, во која се наоѓа и Еурофарм Пелистер, денес играат уште Келце со ПСЖ и ПИК Сегед со Алборг.

Словенечкиот шампион Целје првите бодови во Лигата на шампионите ќе ги бара во дуелот со Монпелје.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

14:00 АНАДОЛУ – ЈАЛИКАВАК (ТУРЦИЈА)

15:00 ГОРЕЛЕ – КОЊАЛТИ (ТУРЦИЈА)

17:00 ДУНАРЕА – РАПИД (РОМАНИЈА)

18:00 КРАСНОДАР – АСТРАХАНОЧКА (РУСИЈА)

18:00 КИШВАРДА – ЃЕР (УНГАРИЈА)

18:00 ЕЛВЕРУМ – ФАЛК (НОРВЕШКА)

18:00 МИСТРА – КЕХРА (ЕСТОНИЈА)

18:00 ВИЉАНДИ – ТАЛИН (ЕСТОНИЈА)

18:00 ХАПОЕЛ – МАКАБИ (ИЗРАЕЛ)

18:00 БЈАСЕН – ГЈЕРПЕН (НОРВЕШКА)

18:00 ФАНА – СТОРХАМАР (НОРВЕШКА)

18:15 ЛАРВИК – МОЛДЕ (НОРВЕШКА)

18:30 АКЕР – СОЛА (НОРВЕШКА)

18:30 ВАЈПЕРС – ТЕРТНЕС (НОРВЕШКА)

18:30 ХРАНИЦЕ – МИСТЕК (ЧЕШКА)

18:30 МАЛОМЕРИЦЕ – КАРИНА (ЧЕШКА)

18:30 СКЈЕРН – ЛЕМВИГ (ДАНСКА)

18:30 ЕСБЈЕРГ – ХОРСЕНС (ДАНСКА)

18:30 ИКАСТ – СКАНДЕРБОРГ (ДАНСКА)

18:30 СИЛКЕБОРГ – КОПЕНХАГЕН (ДАНСКА)

18:30 ВИБОРГ – ОДЕНСЕ (ДАНСКА)

18:45 EУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – КИЛ (ЛШ)

18:45 КЕЛЦЕ – ПСЖ (ЛШ)

18:45 СЕГЕД – АЛБОРГ (ЛШ)

19:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – СТРУЖАНКА (МАКЕДОНИЈА)

20:00 ХОЛСТЕБРО – КОЛДИНГ (ДАНСКА)

20:30 НИЦА – БЕЗАНСОН (ФРАНЦИЈА)

20:45 МАГДЕБУРГ – ЦЕЛЈЕ (ЛШ)