Денеска во центарот на вниманието на македонската јавност ќе биде дуелот на македонскиот првак Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите.
Битолчани му гостуваат на унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед, кој беше совладан со 25-24 минатата недела, а според најавите од Унгарија домашните се „наострени“ за одмазда и сигурно нема да бираат средства за да стигнат до два бода.
Натпреварот меѓу ПИК Сегед и Еурофарм Пелистер се игра вечерва од 18:45 часот во „Сегед Арена“, а позитивен резултат на овој дуел може да му донесе чекор напред во битката за осминафинале.
Покрај дуелот во Сегед, вечерва ќе се играат уште три средби во најелитното европско клупско натпреварување – во Букурешт, Гудме и Берлин.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:45 ПИК СЕГЕД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 ДИНАМО БУКУРЕШТ – НАНТ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 ГОГ ГУДМЕ – ВИСЛА ПЛОЦК (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 ФУКСЕ БЕРЛИН – СПОРТИНГ ЛИСАБОН (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:15 НОРВЕШКА – ШПАНИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
20:30 УНГАРИЈА – СРБИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)

























