ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Еурофарм Пелистер ја затвора сезоната во Лигата на шампионите

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер денеска ќе го одигра последниот натпревар од оваа сезона во Лигата на шампионите.

Пелистерци гостуваат кај најтрофејниот европски клуб Барселона и ќе играат во домот на каталонскиот гигант „Блауграна“.

Момците на Стевче Алушовски немаат шанси за прогрес во осминафиналето, па без притисок ќе можат да го дадат најдоброто од себе против домашните ѕвезди.

Овој меч ќе биде добро загревање за битолчани пред големото дерби против Вардар во суперлигашкиот плеј-оф.

Барса се бори за првото место во групата и реми или победа им е неопходна на домашните за да го задржат во случај Магдебург да слави кај ПСЖ.

Покрај дуелот во Барселона, денеска се играат уште три средби во ЛШ – во Свендборг, Плоцк и Париз, но резултатите од овие дуели нема да влијаат за местата во осминафинале или четвртфинале.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:45 ВИСЛА ПЛОЦК – ПИК СЕГЕД (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 ГОГ ГУДМЕ – ЗАГРЕБ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 ПСЖ – МАГДЕБУРГ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 БАРСЕЛОНА – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)