ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Еден дуел кај дамите, три во прволигашката конкуренција

Денес со натпреварот меѓу Металург Автокоманда и Гевгелија ќе биде комплетирано 7. коло во Женската лига.

Избраничките на Јулијана Дамчевска, кои ќе го одиграат денешниот дуел пред својата публика, се големи фаворити против Гевгелија.

Металург Автокоманда со победа над Гевгелија ќе се врати во игра за едно од местата кои што водат во Европа.

Освен кај дамите, ќе се одиграат неколку дуели во прволигашката конкуренција.

Текстилец ќе биде домаќин против Младост Богданци, Шампион ќе гостува во Гостивар кај Јехона, додека интересен дуел се очекува да има меѓу Македонија Ѓорче Петров и Кичево.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

12:00 ТЕКСТИЛЕЦ – МЛАДОСТ

17:00 МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ГЕВГЕЛИЈА

18:30 ЈЕХОНА – ШАМПИОН

18:30 МАКЕДОНИЈА ЃП – КИЧЕВО