ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Тиквеш во борба за втора европска рунда, еден дуел во Женската лига

На денешната ракометна програма во Македонија ќе има неколку дуели, а со натпреварот меѓу Деспина и Спартак ќе биде комплетирано 3. коло во Женската лига.

Деспина ги загуби првите два натпревари, додека Спартак на табелата има два бода, кои што беа освоени на натпреварот против Шампион.

Кај прволигашите ќе има пет натпревари, додека Тиквеш на свој терен ќе го одигра реванш дуелот против Драма во рамки од првото коло од Европскиот Куп.

Кавадарчани ќе бркаат негатива од четири гола, откако беа поразени на гости со 31-27 минатиот викенд.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
13:00 ШАМПИОН – ПАРТИЗАН ГЕВГЕЛИЈА (ПРВА ЛИГА)
15:00 ЈЕХОНА – МУЛТИ ЕСЕНС (ПРВА ЛИГА)
18:00 AСТРАИОН – МЕТАЛУРГ РА (ПРВА ЛИГА)
18:00 ПРЕСПА – ДРАЧЕВО (ПРВА ЛИГА)
18:30 ДЕСПИНА – СПАРТАК (ЖЕНСКА ЛИГА)
19:00 МАКЕДОИЈА ЃП – МЛАДОСТ (ПРВА ЛИГА)
19:00 ТИКВЕШ – ДРАМА (ЕВРОПСКИ КУП)