ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Два натпревари кај дамите, три кај прволигашите

Екипата на Чаир денеска ќе се сретне со вториот тим на Ѓорче Петров во натпревар од 7. коло од групата А во Женската лига.

Избраничките на Басри Љатифи се фаворити на овој натпревар и се очекува без големи проблеми да дојдат до нов сезонски триумф.

Чаир, кој минатиот викенд го обезбеди пласманот во третата рунда во Европскиот Куп, се наоѓа на лидерското место во групата А.

Вториот тим на Ѓорче Петров на четири одиграни натпревари оствари една победа, она против Стружанка.

На денешната програма ќе има уште еден дуел од Женската лига, ќе играат Пелистер и поранешниот шампион Куманово.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
14:00 СТОРХАМАР – БИСТРИЦА (ЛШ)
15:00 ХАНОВЕР – ФЛЕНСБУРГ (БУНДЕС)
16:00 МАГДЕБУРГ – ЛАЈПЦИГ (БУНДЕС)
16:00 ЧСМ – МЕЦ (ЛШ)
16:00 ЛУДВИГСБУРГ – ЕСБЈЕРГ (ЛШ)
16:00 ЧАИР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2 (МАКЕДОНИЈА)
16:30 ЛЕМГО – ШТУТГАРТ (БУНДЕС)
16:30 ПЕЛИСТЕР – КУМАНОВО (МАКЕДОНИЈА)
17:00 ЃЕР – ВЕСПРЕМ (УНГАРИЈА)
17:00 МАДЕИРА – СПОРТИНГ (ПОРТУГАЛИЈА)
18:00 КОБЕРЖИЦЕ – ГЊЕЗНО (ПОЛСКА)
18:00 ЕРОДРОМ – АСТРАИОН (МАКЕДОНИЈА)
18:30 МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ (МАКЕДОНИЈА)
19:30 МЕДИЦИНАР – ЦРВЕНА ЅВЕЗДА (СРБИЈА)
20:00 ШАМПИОН – ВАРДАР НЕГОТИНО (МАКЕДОНИЈА)
20:30 ПАРТИЗАН – ЖЕЛЕЗНИЧАР (СРБИЈА)