Дербито од 3 коло од суперлигашкиот плеј-оф меѓу лидерот на табелата, Вардар и Охрид, ќе се одигра денеска поради европските настапи на охридскиот клуб.
Вардарци имаа доволно време за подготовка за овој дуел, на кој со триумф ќе се доближат уште повеќе до целта – а тоа е титулата.
Доколку пак охриѓани, кои се во одлична форма и меѓу двете европски пресметки, успеат да го изненадат Вардар, тогаш ќе ја направат трката за тронот уште поинтересна.
Вардар е лидер на табелата со 46 бодови, Еурофарм Пелистер е втор со 42, додека Охрид е трет со 40 бода, но и меч помалку.
Покрај дербито на домашна сцена, на меѓународна сцена се играат и два интересни меча во Лигата на шампионите.
Полскиот Келце ќе биде на тежок испит кај унгарскиот ПИК Сегед, додека залетаната Висла Плоцк гостува кај Спортинг Лисабон.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:30 ВАРДАР – ОХРИД (МАКЕДОНИЈА)
18:45 ПИК СЕГЕД – КЕЛЦЕ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 СПОРТИНГ ЛИСАБОН – ВИСЛА ПЛОЦК (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

























