На денешната програма во Македонија ќе има по четири дуели во Супер лигата и во Женската лига, а најинтересно се очекува да биде во Охрид.
Охриѓани во рамки од 2. коло за ривал го имаат незгодниот тим на Бутел Скопје, кој исто како и домаќините ќе атакува на втор сезонски триумф.
Шампионот Еурофарм Пелистер на свој терен ќе игра против Струга, додека тимот на Прилеп, кој во првото коло ремизираше со Пролет, ќе гостува кај Куманово.
„Сино-белиот“ тим од Авткоманда пред својата публика ќе го одигра првиот домашен натпревар, а втор ривал на избраниците на Лазаров ќе биде повратникот во елитата – Радовиш.
Првиот претставник на Македонија во Европскиот Куп, Тиквеш, денеска од Грција ќе ја започне европската авантура.
Кавадарчани во првото коло од третото по ранг европско клупско натпреварување ја имаат екипата на Драма.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
12:00 АЛКАЛОИД – РАДОВИШ (МАКЕДОНИЈА)
12:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ДЕСПИНА (МАКЕДОНИЈА)
14:00 СТРУЖАНКА – СКОПЈЕ (МАКЕДОНИЈА)
16:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ МРК – ЧАИР (МАКЕДОНИЈА)
16:00 РИНГШТЕД – АЛБОРГ (ДАНСКА)
16:00 ФТЦ – ПОДРАВКА (ЛШ)
16:00 ВАЈПЕРС – РАПИД (ЛШ)
17:00 КУМАНОВО – ПРИЛЕП (МАКЕДОНИЈА)
17:00 ВИТОРИЈА – БЕНФИКА (ПОРТУГАЛИЈА)
18:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – СТРУГА (МАКЕДОНИЈА)
18:00 КРИМ – НИКОБИНГ (ЛШ)
18:00 МЕЦ – БИСТРИЦА (ЛШ)
18:00 ДРАМА – ТИКВЕШ (ЕВРОПСКИ КУП)
18:00 КИШВАРДА – МТК (УНГАРИЈА)
18:30 БАРСЕЛОНА – УЕСКА (АСОБАЛ)
19:00 РИБНИЦА – ЦЕЛЈЕ (БУНДЕС)
19:00 ГЕПИНГЕН – ЦВИКАУ (БУНДЕС)
19:30 ШАМПИОН – СПАРТАК (МАКЕДОНИЈА)
20:00 ОХРИД – БУТЕЛ (МАКЕДОНИЈА)