На денешната ракометна програма во Македонија ќе има три суперлигашки дуели од 7. коло, а најинтересно се очекува да биде на натпреварот меѓу Тиквеш и Бутел Скопје.
Бутелци, моментално, се наоѓаат на 5. позиција со шест бода, додека кавадарчани едно место подолу со пет бода, па така за двете екипи денешниот дуел е од големо значење.
Вардар последната проверка пред натпреварот со Мелсунген од Лигата на Европа ќе ја има во Прилеп кај истоимената екипа.
Пролет на свој терен ќе го пречека Куманово, избраниците на Александар Јовиќ се фаворити, но ќе треба фаворитската улога да ја оправдаат на теренот.
Во единственото женско сениорско натпреварување ќе има три дуели, исто така и во прволигашката конкуренција на денешната програма има три дуели.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
11:00 – СЛАТИНА – БРАШОВ (РОМАНИЈА)
13:00 ВАРДАР – ДЕСПИНА (МАКЕДОНИЈА)
14:00 СКОПЈЕ – ШАМПИОН (МАКЕДОНИЈА)
15:40 ФЛЕНСБУРГ – МАГДЕБУРГ (БУНДЕС)
16:00 БИСТРИЦА – ПОДРАВКА (ЛШ)
16:00 ТРЕШЊЕВКА – ЗАГРЕБ (ХРВАТСКА)
16:00 НИКОБИНГ – СТОРХАМАР (ЛШ)
16:00 СЕСВЕТЕ – МЕТКОВИЌ (ХРВАТСКА)
16:30 МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)
17:00 ДРАЧЕВО – МЛАДОСТ (МАКЕДОНИЈА)
17:00 БОРАЦ – ДАЛМАТИНКА (ЕВРОПСКИ КУП)
17:00 ГРУДЕ – ЕНОСИ (ЕВРОПСКИ КУП)
18:00 СОМБАТЕЉ – ВАЦ (УНГАРИЈА)
18:00 КРИМ – ЧСМ (ЛШ)
18:00 ТИКВЕШ – БУТЕЛ (МАКЕДОНИЈА)
18:30 ПРИЛЕП – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
18:30 ПРОЛЕТ – КУМАНОВО (МАКЕДОНИЈА)
18:30 ТРЕБЊЕ – РИБНИЦА (СЛОВЕНИЈА)
18:30 САСАРИ – САЛЕРНО (ИТАЛИЈА)
18:30 ПАОК – ПИЛАИАС (ГРЦИЈА)
19:00 ГЕПИНГЕН – ГУМЕРЗБАХ (БУНДЕС)
19:00 ГОРИЦА – ЦЕЛЈЕ (СЛОВЕНИЈА)
19:00 МЕТАЛУРГ РА – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ЖЕЛЕЗНИЧАР – ШТОКЕРАУ (ЕВРОПСКИ КУП)
20:00 СЕСОН – ТУЛУЗ (ФРАНЦИЈА)
20:30 ЦИРИХ – СЕНТ ГАЛЕН (ШВАЈЦАРИЈА)