ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Денот „Д“ за Вардар и Еурофарм Пелистер, борба за Европа во Охрид

Денеска во центарот на вниманието на македонската, балканската, но и европската јавност ќе биде дуелот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер што ќе го одлучи шампионот оваа сезона.

Целата сезона сега зависи од само еден меч, бидејќи двете екипи имаат израмнет број бодови – 19, на врвот на табелата.

На вардарци освен победа, им одговара и реми за тронот, додека битолчани мора да слават за да бидат шампиони.

Покрај мечот во Скопје, од плеј-офот ќе се игра и двобојот меѓу Охрид и Тиквеш, директен дуел за место во Европа, кој исто така се очекува да донесе возбудувања.

На пладне ќе има две средби од суперлигашкиот плеј-аут, но таму сите работи се познати и нема веќе дилеми.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

12:00 СТРУГА – ПРИЛЕП (МАКЕДОНИЈА)
12:00 ПРОЛЕТ – РАДОВИШ (МАКЕДОНИЈА)
19:30 ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)
20:00 ОХРИД – ТИКВЕШ (МАКЕДОНИЈА)