ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Денот Д за Македонија Ѓорче Петров

Денеска во центарот на вниманието на македонската јавност ќе биде дуелот од прволигашкиот плеј-оф меѓу Македонија Ѓорче Петров и Еурофарм Пелистер 2.

„Лавовите“ мора да освојат најмалку бод против новиот суперлигаш во последните две меѓусебни средби.

Првата е вечерва во салата „Кочо Рацин“ со почеток во 20:00 часот, а досега во осумте кола Maкедонија Ѓорче Петров нема ниту еден пораз.

На табелата Еурофарм Пелистер 2 е сигурно прв со 32 бода, Македонија Ѓорче Петров има 25 бода од 16 меча, а „витамините“ од Автокоманда имаат исто толку од 17 натпревари.

Денеска од 20:00 часот, ќе се одигра и првиот натпревар од последното коло во прволигашкиот плеј-аут меѓу Аеродром и Шампион.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

20:00 МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
20:00 АЕРОДРОМ – ШАМПИОН