Денеска на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ продолжуваат возбудувањата со три натпревари во СРЦ „Билјанини Извори“.
Програмата ќе ја отворат словенечкиот Целје и српскиот Партизан. Ако победи Целје, ќе има директен дуел потоа со Вардар за место во финалето.
За Партизан нема друга опција освен победа да остане во трка за првото место и да се надева на круг од три тима со исти бодови.
Динамо Панчево и Ловќен ќе имаат директен дуел, кој ќе решава за третото место во групата, додека „сино-белите“ од Автокоманда и Олимпијакос ќе бијат битка за прво место во групата и финале.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:30 ЦЕЛЈЕ – ПАРТИЗАН
18:45 ДИНАМО ПАНЧЕВО – ЛОВЌЕН
21:00 АЛКАЛОИД – ОЛИМПИЈАКОС