ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Бутел на гости во Радовиш, три средби во Лигата на шампионите

Денеска во центарот на вниманието ќе биде натпреварот од второто суперлигашко коло меѓу Радовиш и Бутел Скопје, што ќе се игра во салата „25 Мај“ од 19:00 часот.

По европската елиминација, Бутел Скопје им се враќа на домашните обврски и бара прва победа во елитното друштво.

Покрај оваа средба се играат и три натпревари во Лигата на шампионите, а најинтересно ќе биде во Плоцк, каде ќе се сретнат Висла и Загреб.

Претходно во скандинавија ќе има два дуели – ПИК Сегед гостува кај данскиот ГОГ Гудме, додека Динамо Букурешт оди кај норвешкиот Колстад.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

19:00 РАДОВИШ – БУТЕЛ СКОПЈЕ (МАКЕДОНИЈА)
18:45 ГОГ ГУДМЕ – ПИК СЕГЕД (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 КОЛСТАД – ДИНАМО БУКУРЕШТ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 ВИСЛА ПЛОЦК – ЗАГРЕБ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
19:15 СЕНТ ГАЛЕН – СУР АРАУ (ШВАЈЦАРИЈА)