Денеска во СРЦ „Билјанини Извори“ стартува завршниот турнир во Купот на Македонија во машка конкуренција.
Најпрво од 17:00 часот, најтрофејниот клуб во ова натпреварување – Вардар, ќе оди на мегдан на актуелниот бранител на трофејот.
Од 19:30 часот, шампионот Еурофарм Пелистер и домаќинот Охрид ќе ја бијат битката за вториот финалист.
Во Радовиш во салата „25 Мај“ ќе се одигра и финалето во женска конкуренција меѓу Ѓорче Петров и Чаир.
Покрај трите куп натпревари, на домашна сцена ќе се одиграат и натпревари од прволигашката конкуренција.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ЧАИР (МАКЕДОНИЈА)
17:00 ВАРДАР – АЛКАЛОИД (МАКЕДОНИЈА)
19:30 ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)
19:00 МУЛТИ ЕСЕНС – ДРАЧЕВО (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ОВЧЕ ПОЛЕ – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ (МАКЕДОНИЈА)
15:00 ЃЕР – ЕСБЈЕРГ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:00 МЕЦ – ОДЕНСЕ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)