ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Аеродром го пречекува Еурофарм Пелистер 2, Куманово домаќин на Скопје

Денес со два натпревари, кои ќе започнат со почеток од 19:00 часот, ќе биде комплетирано 12. коло во суперлигашката конкуренција.

Екипата на Аеродром, која ги надмина очекувањата и се наоѓа во борба за пласман во плеј-оф фазата, ќе го пречека вториот тим на Еурофарм Пелистер.

На првиот одигран натпревар меѓу двете екипи во Битола, триумфираше дебитантот со 40:28. Аеродром со победа над битолчани ќе ги задржи шансите за 4. позиција на табелата, но со пораз ќе направи чекор назад.

Свој дуел ќе имаат и екипите на Куманово и Скопје, кои се наоѓаат во долниот дел на табелата во групата А.

Скопје во досегашниот тек од сезоната освои два бода, додека Куманово на свое конто има еден бод и од поодамна е јасно дека и двете екипи ќе играат во плеј-аутот.

Женската сениорска репрезентација на Македонија ќе го одигра вториот контролен дуел со Велика Британија.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

12:00 МАКЕДОНИЈА – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ)

13:00 ШАМПИОН – АСТРАИОН (ПРВА ЛИГА)

19:00 МАКЕДОНИЈА ЃП – МЕТАЛУРГ РА (ПРВА ЛИГА)

19:00 КИЧЕВО – РАДОВИШ (ПРВА ЛИГА)

19:00 АЕРОДРОМ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 (СУПЕР ЛИГА)

19:00 КУМАНОВО – СКОПЈЕ (СУПЕР ЛИГА)

19:00 ЈЕХОНА – ТЕКСТИЛЕЦ (ПРВА ЛИГА)