ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Еурофарм Пелистер по сензација кај европскиот шампион Магдебург

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер денеска го има најтешкото гостување оваа сезона – кај европскиот првак Магдебург во Лигата на шампионите.

Германците се први на табелата со пет победи на пет меча, додека пелистерци имаат два, па домаќините ќе бидат големи фаворити за триумф.

Во минатото коло, Магдебург славеше на гости кај ПИК Сегед со 34-30, а македонскиот првак дома загуби од Барса со 34-30. Досега во клупската историја, двата тима имаат две меѓусебни средби и Магдебург има две победи (во осминафинале на Лигата на Европа).

На последниот дуел пред средбата со пелистерци, Магдебург го победи Лајпциг со 36-23, а Еурофарм Пелистер славеше против вториот тим со 34-27. Пресметката во ЛШ е на програмата вечерва во „Гетек Арена“ од 20:45 часот.

Во останатите натпревари од елитното натпреварување, Динамо Букурешт ќе брка прв триумф против Келце, додека Веспрем има незгоден гостин – Фуксе Берлин. ГОГ Гудме на гостински терен славеше кај Загреб и Еурофарм Пелистер, но сега оди кај ПСЖ, а Висла Плоцк ќе биде на тежок испит против каталонскиот гигант Барселона.

На домашната сцена ќе има две средби од Првата женска лига. Во Гостивар, Јехона ќе го пречека Атлетик, а Шампион ќе игра со Ѓорче Петров 2.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

13:00 ШАМПИОН – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2 (МАКЕДОНИЈА)
17:30 ЈЕХОНА – АТЛЕТИК (МАКЕДОНИЈА)
18:45 ДИНАМО БУКУРЕШТ – КЕЛЦЕ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 ВЕСПРЕМ – ФУКСЕ БЕРЛИН (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 МАГДЕБУРГ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 ПСЖ – ГОГ ГУДМЕ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 ВИСЛА ПЛОЦК – БАРСЕЛОНА (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)