Денеска на Светското првенство 2025 започнува главната фаза, а Македонија за ривал ја има Австрија.
Избраниците на Лазаров, освен со Австрија, ќе играат и против репрезентациите на Катар и Франција, која е еден од фаворитите за освојување на златото.
Македонија во главната фаза стартува без бодови, па затоа на денешниот натпревар би било убаво да се дојде до победа за добар пласман на Мундијалот.
Со натпреварот меѓу Кувајт и Гвинеја ќе започнат натпреварите во „Президент Куп“, односно во разигрувањето за пласман од 25 до 32 место.
Распоред на денешните натпревари на СП:
15:30 Кувајт – Гвинеја
15:30 Швајцарија – Тунис
15:30 Австрија – Македонија
18:00 Чешка – Италија
18:00 Катар – Холандија
18:00 Полска – Алжир
20:30 Данска – Германија
21:00 Унгарија – Франција