Денеска со натпреварот меѓу Италија и Тунис ќе биде отворено 29. издание на Светското првенство, на кое ко-организатори се Данска, Норвешка и Хрватска.
Италија, која во бараж двомечот ја елиминираше Црна Гора, ќе го има второто учество на Мундијалите, првото го имаше во далечната 1997 во Јапонија.
На денешниот натпревар улогата на фаворит ќе ја има Тунис, кој во својот состав има двајца играчи од македонскиот шампион и вицешампион, Еурофарм Пелистер и Вардар.
Тоа се десните бекови Усама Хосни и Ашраф Маргели, а освен со Италија, репрезентацијата на Тунис ќе игра уште со Данска и незгодниот Алжир.
Актуелниот европски првак Франција во првото коло од Мундијалот за ривал го има Катар, додека уште една земја од Азија – Кувајт ќе има тежок предизвик на стартот и ќе се соочи со Австрија.
Трикратниот светски шампион Данска за прв ривал го има Алжир и на овој натпревар се очекува избраниците на Никлај Јакобсен без многу проблеми да ги освојат бодовите.
Распоред на денешните натпревари на СП:
17:30 Италија – Тунис
18:00 Франција – Катар
20:30 Австрија – Кувајт
20:30 Данска – Алжир