На програмата на женскиот олимписки турнир денеска ќе се одиграат шест натпревари од третото коло.
Германија мора да ја победи Словенија ако сака да се фати за сламка за спас, а истото ја чека и Шпанија.
Норвежанките очигледно ја научија лекцијата од првото коло и се големи фаворитки против Кореја, додека Унгарките очекуваат да ја продолжат победничката серија и против Ангола.
Домаќинот треба да нема големи проблеми со Бразил, додека дербито на денот се игра на крајот – скандинавски двобој меѓу Шведска и Данска.
ДЕНЕСКА НА ОИ:
09:00 ГЕРМАНИЈА – СЛОВЕНИЈА
11:00 НОРВЕШКА – КОРЕЈА
14:00 ХОЛАНДИЈА – ШПАНИЈА
16:00 УНГАРИЈА – АНГОЛА
19:00 ФРАНЦИЈА – БРАЗИЛ
21:00 ШВЕДСКА – ДАНСКА