Денеска ќе бидат познати последните два учесници во четвртфиналето на женскиот турнир на Олимписките игри.
Од групата А во ТОП 8 веќе се Норвешка, Шведска и Данска, додека за последното место ќе се борат Германија, Словенија и Кореја кои имаат по 2 бода.
Од групата Б сигурни четвртфиналисти се Франција, Холандија и Унгарија, додека за последното место во директен дуел ќе се сретнат Бразил и Ангола.
ДЕНЕСКА НА ОИ:
09:00 УНГАРИЈА – ХОЛАНДИЈА
11:00 ШПАНИЈА – ФРАНЦИЈА
14:00 БРАЗИЛ – АНГОЛА
16:00 СЛОВЕНИЈА – ШВЕДСКА
19:00 НОРВЕШКА – ГЕРМАНИЈА
21:00 ДАНСКА – КОРЕЈА