ДЕНЕСКА НА ОИ: Норвешка бара рехабилитација против Данска, Франција на голем тест

Денеска ќе се одиграат шест натпревари од второто коло на женскиот турнир на Олимписките игри во Париз.

Најинтересн натпревар е скандинавското дерби меѓу Данска и Норвешка, а двете селекции во различно расположение го дочекуваат овој дуел.

Данските репрезентативки славеа убедливо на првата средба, додека Норвежанките загубија од Шведска и веќе немаат право на грешка.

Домаќинот Франција по не така лесниот триумф над Унгарија, ќе има нов голем предизвик и натпревар против селекцијата на Холандија.

ДЕНЕСКА НА ОИ:

09:00 БРАЗИЛ – УНГАРИЈА
11:00 КОРЕЈА – СЛОВЕНИЈА
14:00 ШВЕДСКА – ГЕРМАНИЈА
16:00 ДАНСКА – НОРВЕШКА
19:00 АНГОЛА – ШПАНИЈА
21:00 ФРАНЦИЈА – ХОЛАНДИЈА