ДЕНЕСКА НА ОИ: Непоразената Франција и сканди-трио во битката за медали

Денеска ќе се одиграат полуфиналните средби од женскиот ракометен турнир на Олимписките игри.

Домаќинот Франција, која досега нема пораз на шест средби ќе се соочи со Шведска во натпревар од 16:30 часот.

Избраничките на Крумболц се фаворитки, но незгодните Швеѓанки може да се пофалат со триумф над Норвешка и никој не смее однапред да запише победа против нив.

Норвежанките, кои како одминува турнирот, така влегуваат во подобра форма, пред себе го имаат големиот ривал Данска.

На скандинавскиот двобои не победува секогаш фаворитот, па може да очекуваме интересна пресметка полна со пресврти и возбудувања.

ДЕНЕСКА НА ОИ:

16:30 ШВЕДСКА – ФРАНЦИЈА
21:30 НОРВЕШКА – ДАНСКА