ДЕНЕСКА НА ОИ: Kој во битка за злато

По возбудливите натпревари на женскиот турнир на Олимписките игри, денеска на програмата ќе бидат и машките полуфиналиња.

Најпрво од 16:30 часот ќе се соочат селекциите на Германија и Шпанија, а овој натпревар ќе го судат македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Според досега прикажаното, фаворит на овој дуел е Германија, но со Шпанците никогаш не се знае.

Во вториот полуфинален пар, се среќаваат Данска, која во отсуство на Франција е најголем фаворит за титула, против Словенија, која како одминува турнирот, така станува поопасна.

ДЕНЕСКА НА ОИ: 

16:30 ГЕРМАНИЈА – ШПАНИЈА
21:30 СЛОВЕНИЈА – ДАНСКА