ДЕНЕСКА НА ОИ: Карабатиќ против Хансен за „јаготка на шлагот“

Денеска стартува и машкиот турнир на Олимписките игри во Париз со шест натпревари, откако пред два дена почнаа дамите.

Најинтересниот натпревар ќе биде од 21:00 часот, кој ќе биде реприза на финалето од ЕП 2024, кога играа Франција и Данска.

Ова е можеби последниот дуел меѓу Никола Карабатиќ и Микел Хансен, бидејќи двајцата летово ги завршуваат кариерите, освен ако не сретнат во мечот за злато во Париз.

Денот ќе го отворат Словенија и Шпанија, кои имаа големи проблеми со повредени ракометари пред ОИ.

Интересен ракомет треба да донесе и дуелот меѓу Германија и Шведска, кој се игра во вечерниот термин.

ДЕНЕСКА НА ОИ:

09:00 ШПАНИЈА – СЛОВЕНИЈА
11:00 УНГАРИЈА – ЕГИПЕТ
14:00 ХРВАТСКА – ЈАПОНИЈА
16:00 НОРВЕШКА – АРГЕНТИНА 
19:00 ГЕРМАНИЈА – ШВЕДСКА
21:00 ДАНСКА – ФРАНЦИЈА