ДЕНЕСКА НА ОИ: Хрватка го брка последниот воз за Лил, Франција и Унгарија решаваат „еден на еден“

Денеска ќе се одиграат последните шест натпревари од групната фаза на машкиот турнир на Олимписките игри.

Пет патници во четвртфиналето се веќе познати, додека уште три места ќе бидат пополнети допрва.

Во групата А, Германија и Словенија со по шест бода се веќе во четвртфиналето, а Шведска која има четири бода, како и две победи над директните конкуренти Шпанија и Хрватска, сама решава за својата судбина и со триумф над Јапонија оди во ТОП 8.

Така би ги оставила Шпанија и Хрватска кои имаат по исто толку бода, да решаваат меѓусебе за последниот патник во четвртфиналето. Јапонија, која нема бодови е веќе елиминирана.

Во групата Б, сигурно во следната фаза се Данска и Норвешка, кои ќе решаваат меѓусебе за првото место на табелата. Египет е трет со пет бода и обезбеден пласман, додека Франција и Унгарија во меѓусебен дуел ќе решаваат за последниот патник во ТОП 8.

На домашните им е доволен и бод за да обезбедат место понатаму, додека Унгарија мора да оди на победа. Аргентина е последна без бодови и нема шанси за прогрес.

ДЕНЕСКА НА ОИ:

09:00 ШВЕДСКА – ЈАПОНИЈА
11:00 ЕГИПЕТ – АРГЕНТИНА
14:00 ГЕРМАНИЈА – СЛОВЕНИЈА
16:00 УНГАРИЈА – ФРАНЦИЈА
19:00 ДАНСКА – НОРВЕШКА
21:00 ШПАНИЈА – ХРВАТСКА