ДЕНЕСКА НА ОИ: Франција и Норвешка во битка за злато

Денеска ќе се одиграат последните два меча од женскиот Олимписки турнир на стадионот „Пјер Морој“ во Лил, каде ќе бидат решени медалистите.

Во битката за злато, Франција и Норвешка, две селекции што доминираат последната декада, освојувајќи го секое големо натпреварување од 2016 па наваму, со исклучок на СП 2019 кога славеше Холандија.

Ова ќе биде прво финале на ОИ меѓу овие две репрезентации, кои имаат осигурано медал, што ќе биде трет за Франција на ОИ и осми за Норвешка.

Во натпреварот за бронза ќе се борат Данска и Шведска, во реприза од мечот за бронза на СП 2023.

ДЕНЕСКА НА ОИ:

10:00 ДАНСКА – ШВЕДСКА
15:00 НОРВЕШКА – ФРАНЦИЈА