ДЕНЕСКА НА ОИ: Балканска „војна“ во Париз, Франција и Шведска бркаат први победи

По возбудувањата на првиот ден од машкиот турнир на Олимписките игри, денеска следуваат нови интересни натпревари.

Први на терен ќе бидат Германија и Јапонија, додека од 11:00 часот следува балканската „војна“ меѓу Словенија и Хрватска.

Данска против Египет ќе брка втор триумф, а Шведска и Франција ќе бараат  рехабилитација против Шпанија, односно Норвешка.

Унгарците и Аргентинците ќе се борат за првите бодови во вечерниот термин од 21:00 часот.

ДЕНЕСКА НА ОИ:

09:00 ЈАПОНИЈА – ГЕРМАНИЈА
11:00 СЛОВЕНИЈА – ХРВАТСКА
14:00 ЕГИПЕТ – ДАНСКА
16:00 ШВЕДСКА – ШПАНИЈА
19:00 ФРАНЦИЈА – НОРВЕШКА
21:00 АРГЕНТИНА – УНГАРИЈА