ДЕНЕСКА НА ОИ: Хрватска на мегдан на Шведска, ќе победи ли конечно Франција?

Денеска продолжува машкиот Олимписки турнир со натпреварите од четвртото коло со шест натпревари и борбата за четвртфиналето.

Натпреварувачкиот ден ќе почне со дуелот меѓу Унгарија и Данска, на кој скандинавскиот тим е голем фаворит.

Французите против Аргентина ќе бараат прв триумф, додека Словенија ќе сака да ја продолжи серијата победи против Јапонија.

Норвешка има три од три и оди на мегдан на Египет, а Хрватска ќе се обиде да ја совлада Шведска по долго време на големите натпреварувања.

Дербито од 16:00 часот меѓу Германија и Шпанија ќе го судат македонските арбитри Николов и Начевски.

ДЕНЕСКА НА ОИ:

09:00 УНГАРИЈА – ДАНСКА
11:00 АРГЕНТИНА – ФРАНЦИЈА
14:00 ХРВАТСКА – ШВЕДСКА
16:00 ГЕРМАНИЈА – ШПАНИЈА
19:00 ЈАПОНИЈА – СЛОВЕНИЈА
21:00 НОРВЕШКА – ЕГИПЕТ