ДЕНЕСКА НА ЕП: Македонија игра „финале“

Машката репрезентација на Македонија денеска ќе игра против Романија во последниот дуел од групната фаза на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Македонија со триумф на оваа средба сигурно ќе биде трета, а тоа значи еден бараж за СП 2027, па дури и прв шешир во ждрепката.

Но постојат шансите и за прогрес во главната рунда на ЕП, а за тоа ни треба што поубедлива победа над Романија, но и што поубедлива победа на Данска над Португалија. Збирот на разликите на двете победи да биде поголем од 18, односно од 19 па нагоре…

Покрај нашата пресметка, на програмата се уште и дуели меѓу Словенија и Фарски Острови, како и Швајцарија и Црна Гора. Само Црногорците се елиминирани, а Словенија е сигурна понатаму.

Во групата во Кристијанштад, Полска и Италија играат дуел за трето место, додека Унгарија и Исланд ќе се борат за првото место и пренесување на два бода во главната рунда на ЕП.

ДЕНЕСКА НА ЕП:

18:00 ЦРНА ГОРА – ШВАЈЦАРИЈА
18:00 МАКЕДОНИЈА – РОМАНИЈА
18:00 ПОЛСКА – ИТАЛИЈА
20:30 ДАНСКА – ПОРТУГАЛИЈА
20:30 УНГАРИЈА – ИСЛАНД
20:30 СЛОВЕНИЈА – ФАРСКИ ОСТРОВИ