Поранешниот шведски репрезентативец со балканско потекло, Далибор Додер, во интервју за „Мондо“ се осврна на повеќе моменти од својата богата кариера, но зборуваше и ракометот што се игра во моментов.
46-Годишниот Додер се уште е активен на ракометните терени и го носи дресот на американскиот тим Лос Анџелес заедно со Виран Морос, Тобијас Рајхман, Вид Кавтичник…
Тој се осврна на ЕП и направи интересна анализа за актуелната состојба во светскиот ракомет. Освојувачот на медал со Шведска на Олимписките игри во Лондон 2012, не се согласува со ставот дека денешниот ракомет е на највисокото ниво во историјата.
Ги споредуваше Кирил Лазаров и Матијас Гидсел.
„Денес го немаш Кирил Лазаров, а го имаш Гидсел, но тоа не е исто. Го немаш Карабатиќ, го немаш Балиќ… Тогаш беше поинаку, имаше репрезентации со страшни играчи. И денес има добри играчи, но секогаш ќе се зборува дека порано било подобро. И нашите родители ни го кажувале тоа, а јас ќе им го кажувам тоа на моите деца. Што беше подобро претходно? Немаше игри и мобилни телефони, бевме надвор, постојано игравме…“, изјави Додер.

























