Денес ден за дерби: Вардарки гостуваат во Автокоманда

Денеска во рамки од 23. коло од Женската лига ќе се одигра дерби дуелот меѓу Металург Автокоманда и Вардар.

Избраничките на Јулијана Дамчевска на првиот натпревар против Вардар обезбедија минимален триумф од 25:24.

Доколку „црвено-црните“ триумфираат на денешниот дуел против новакот, тогаш сериозно ќе влезат во трката за второто место.

Натпреварот меѓу Металург Автокоманда и Вардар ќе се одигра во спортската сала „Автокоманда“ со почеток од 12:00 часот.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080