Демант од „зебрите“: Душебаев во Кил? Тоа е чиста глупост

Директорот на германскиот ракометен гигант Кил, Виктор Силаѓ, ги демантираше шпекулациите дека шпанскиот репрезентативец Алекс Душебаев бил на разговори со клубот.

Откако стана јасно дека браќата Душебаеви на лето заминуваат од Келце, европските медиуми пишуваа дека десниот бек е пред премин во Кил.

„Ќе донесеме неколку многу интересни ракометари како дополнување на тимот кој веќе го имаме. Видов информации во медиумите дека Алекс бил кај нас, но тоа е чиста глупост – сигурно не се сретнал со мене,“ изјави Силаѓи за германскиот „Дин“.

Тој додаде дека Кил има повеќе опции за засилувања и не ја исклучи можноста за интерес и кон данскиот бек Мадс Хоксер, но потенцираше дека постојат и други потенцијални решенија за тимот.