Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов и генералниот секретар, Влатко Тасевски, беа во посета на ИХФ во Базел.
Во седиштето на светската куќа на ракометот, Стефанов и Тасевски остварија средба со првиот човек на ИХФ, Хасан Мустафа.
На средбата се дискутираше за продлабочување на идната соработка помеѓу двете федерации, со фокус на развојот и промоцијата на ракометот во Македонија.
Оваа посета претставува уште еден значаен чекор во амбициите на РФМ за унапредување на македонскиот ракомет на меѓународната сцена.