Делчево Вардар организира меморијален турнир „Андреа Ампова“ со пет екипи

Во организација на ракометниот клуб Делчево, на 6 и 7 септември ќе се одржи првиот меѓународен меморијален турнир „Андреа Ампова 2025“.

Турнирот ќе има натпреварувачки карактер, но неговата најголема цел е да го одржи живо името и споменот на малата Андреа Ампова, која на само 10-годишна возраст прерано го напушти овој свет, а ракометот ѝ беше најголема љубов.

Покрај домаќинот Делчево, на турнирот ќе играат српската екипа Топличанин, ракометната школа Топка Велес, Вардар и Спартак.

Во вечерниот термин на првиот натпреварувачки ден, ќе се одигра и ревијален натпревар составен од ракометарки кои во минатото биле дел од екипата на Делчево.

Овој турнир претставува спој на спортот, емоцијата и споменот – во чест на една млада ракометарка која остави голема трага во составот на Делчево.