Македонскиот првак Еурофарм Пелистер славеше против Динамо Букурешт со 25-24 и остана во игра за осминафиналето во Лигата на шампионите.
Стратегот на романскиот шампион, Давид Дејвис, вели дека Еурофарм Пелистер повеќе ја посакувал победата на овој дуел.
„Во Битола е секогаш тешко да се игра. Трениравме добро, играме добро после Светсткото првенство, но на овој дуел сметам дека Еурофарм Пелистер повеќе ја посакуваше победата од нас“, вели Дејвис.
Следен предизвик за Динамо Букурешт ќе биде домашниот дуел со Висла Плоцк, додека пелистерци гостуваат кај Фуксе Берлин.